Хроника Внимавајте, фрчат казни

Санкционирани 292 возачи за брзо возење

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Санкционирани 292 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 292 возачи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

To top