Македонија ДИК

Силјановска Давкова освои над 500.000 гласови од македонските граѓани

Таа до овој момент има освоено  506.955 гласови.

Силјановска Давкова освои над 500.000 гласови од македонските граѓани

Убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова на денешните претседателски избори во Македонија.

Таа до овој момент има освоено  506.955 гласови.

Овој број ќе порасне бидејќи уште не се изброени 100 % од гласачките ливчиња.

На вечерашната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова рече дека портите на, како што рече, „граѓанските позајмени канцеларии“ се отворени за сите.

-Она што го ветив во предизборната кампања, почнувајќи од народните канцеларии, преку обраќањата до Парламентот, преку личностите во Судскиот совет, Уставниот суд и Советот за безбедност, дека ќе ги вршам врз основа на стручност, компетентност и нема да ја заборавам разноликоста, рече таа.

Како што дополни, мора да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да помагаме едни на други, да бидеме политичари.

-Затоа ние мораме да почнеме меѓусебе да се разбираме, да се помагаме, да не посегнуваме по вето, туку да посегаме по поддршка, рече таа, дополнувајќи дека нејзините патишта водат прво на Балканот, а, Брисел, како што дополни, е неизоставен.

Силјановска Давкова потенцираше дека ќе ги брани државните и националните интереси.

Пендаровски го призна поразот.

Најнови вести од Македонија

To top