Кошарка Има вистина

Дурент за Грин: Се надевам дека ќе добие професионална помош

Дурент за Грин: Се надевам дека ќе добие професионална помош
Дрејмонд веќе доби неколку опомени и беше парично казнет, но сега се верува дека НБА лигата ќе му додели специјална помош, односно ќе побара од него да соработува со професионални психолози и психијатри.
Неговата состојба направи дел од ривалите да се плашат да играат против дефанзивецот на Голден Стејт, а по серијата критики, со изјава се јави и Кевин Дурент кој е актуелен соиграч на Нуркиќ, а поранешен на Грин од Голден Стејт.
– Тоа што го видовме од Дрејмонд беше навистина лудо. Единствено добро е тоа што Нуркиќ е во ред и нема проблеми. Да бидам искрен, никогаш нема видено такво нешто на НБА паркет. Се надевам дека Грин ќе ја добие помошта која му е неопходна. Редеше инцидент по инцидент, потребна му е помош. Го познавам Дрејмонд од дамна и тој не беше ваков. Се надевам дека ќе добие професионална помош и дека ќе може да се врати на теренот. Се надевам дека ќе ги остави овие работи зад себе, – изјави Дурент.
To top