Фудбал

Италија може да има девет тима во евро-куповите

Италија може да има девет тима во евро-куповите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека доколку Фиорентина заврши под седмото место на табелата, но воедно го победи Олимпијакос во финалето од Конференциската лига, ќе избори пласман во Лига Европа.

Ова автоматски значи дека Италија следната сезона ќе има дури ДЕВЕТ претставници во Европа, што е навистина голем успех за фудбалот на „чизмата“

За успех на Фиорентина најмногу ќе навиваат Наполи и Торино, кои би можеле да го добијат последното европско место, а тоа ќе биде јасно откако ќе се одигра последното коло во калчото и финалето во Конференциската лига.

To top