Останати спортови

Иџе заврши како втор на трката во Португалија

Иџе заврши како втор на трката во Португалија

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе стигна до уште еден подиум оваа сезона, откако заврши на второто место на трката во Португалија.

Иџе заврши на втората позиција и додаде нови бодови во генералниот пласман, а на претходните три трки дури два пати стигна до подиум, а во Шпанија беше четврти.

Стефановски минатата сезона ја заврши како европски шампион, но оваа година вози во друга категорија.

To top