Македонија во среда стапуваат во штрајк!

ПРОТЕСТ ВО ПОШТА – власта во заминување не им дава ниту плата на вработените, пратките од Алиекспрес нема кој да ги достави на граѓаните!

Во изјава за Курир еден од вработените вели дека ситуацијата во пошта во овој момент е катастрофална и очајна.

ПРОТЕСТ ВО ПОШТА – власта во заминување не им дава ниту плата на вработените, пратките од Алиекспрес нема кој да ги достави на граѓаните!

Власта во заминување мува не ја лази дали вработените во Македонски пошти ќе земат месецов плата.

Денеска по тој повод револтираните вработени од главната пошта во Скопје излегоа на мирен протест пред зградата, од каде најавија дека утре управниот одбор на пошта ќе донесе одлука за стапување во штрајк.

Истиот ќе започне од среда доколку до тогаш не се решат проблемите и не им се пушти плата на вработените.

Во изјава за Курир еден од вработените вели дека ситуацијата во пошта во овој момент е катастрофална и очајна.

„За прост пример кадар има вработен во администрација колку сакаш, но нема општи работници да делат пошта или да ги примаат пратките од Алиекспрес кои граѓаните ги исчекуваат со денови, а им стојат во Македонска пошта. Власта во заминување очигледно нема да ги реши проблемите, а најверојатно нема да пушти ниту плата за тие малкумина што останаа во ова време невреме“, вели нашиот извор.

Додава дека плата мора да има, а по формирање на новата влада мора да се направи и една чистка на сите партиски кадри кои не доаѓаат на работа, а земаат плата.

Најнови вести од Македонија

To top