Кошарка

Работнички го совлада ТФТ

Работнички го совлада ТФТ

Екипата на Работнилки го зададе првиот удар во битката за третата позиција во кошаркарскиот шампионат

Во првиот натпревар од серијата за „бронза“ и пласман во АБА2 лигата најтрофејниот го надигра ТФТ Моцарт и на крај славеше со убедливи 85-74.

Првото полувреме не наговестуваше таков крај, бидејќи гостите од Тафталиџе отворија моќно и на пауза заминаа со заслужена предност од седум поени. Во стартната четвртина Работнички имаше контрола, но не успеа да направи посериозна разлика, но затоа во втората, ТФТ одигра речиси без грешка, направи пресврт и поведе со 35-42.

Сепак, Работнички успеа брзо да се соземе и во третиот квартал одново презеде сè во свои раце. Предноста на гостите брзо се стопи и во финалните десет минути се влезе со осум позитива за најтрофејниот.

Момците на Самарџиев не дозволија нов налет на противникот, рутински го сочуваа стекнатото водство и на крај заслужено славеа со 85-74. Рикиќ со 17 поени беше најдобар кај Работнички, додека за ТФТ се истакна Вирц со 20 поени.

To top