Фудбал

Познат е кој е играчот на сезоната во Бундес Лигата

Познат е кој е играчот на сезоната во Бундес Лигата

Баер Леверкузен ја освои првата титула во Бундеслигата во клупската историја, имаат можност да бидат наградени со трофеи во Купот на Германија и Лигата на Европа, а сето тоа веројатно немаше да биде возможно да не беше Флоријан Вирц.

Германскиот претставник беше главната движечка сила на тимот на Чаби Алонсо во сезоната 2023/24. Со само 21 година ги предводеше „фармацевтите“ до титулата во лигата и две финалиња и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч на германскиот шампионат.

Вирц ја заврши сезоната во Бундеслигата со 11 голови и 11 асистенции на 32 натпревари. Во Купот на Германија одигра пет натпревари на кои постигна три гола и четири асистенции, додека на 10 натпревари во Лига Европа додаде четири гола и четири асистенции.

To top