Кошарка

Индијана го елиминира Њујорк и ќе го предизвика Бостон во финалето на Истокот

Индијана го елиминира Њујорк и ќе го предизвика Бостон во финалето на Истокот

Индијана Пејсерс е во финалето на Источната конференција на НБА лигата, откако со 4-3 го победија Њујорк Никс.

Во „Медисон Сквер Гарден“ голема победа запишаа гостите со резултат 109-130.

Халибартон со 26 вообичаено беше најефикасен кај Индијана, Нембхард додаде 20, колку и Сиакам, а 19 запиша Нејсмит со фантастичен удар од поле 8/8. ДиВинченцо беше најефикасен со 39 поени кај Никси, а Буркс додаде уште 26.

Во финалето на Истокот, кошаркарите на Индијана ќе играат против Бостон.

 

To top