Кошарка

Џамал Мареј ќе биде подготвен за „мајсторката“ против Минесота

Џамал Мареј ќе биде подготвен за „мајсторката“ против Минесота

Џамал ​​Мареј речиси сигурно ќе биде подготвен за „мајсторката“ против Минесота.

Канадскиот кошаркар се повреди за време на шестиот натпревар кој Тимбервулфс убедливо го добија со 115-70.

Тој во дуел со Руди Гобер го повреди лактот и го одигра мечот со болки. Неговиот настап во мајсторката беше под знак прашалник, но тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун, откри дека Мареј ќе биде подготвен.

Ноќта меѓу недела и понеделник во два часот по полноќ ќе се одигра дуелот меѓу Денвер и Минесота кој ќе одлучи кој тим ќе се пласира во финалето на Западната конференција на НБА лигата.

To top