Македонија

ПРВИОТ ДЕН ОД ГОДИНАТА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ – еве какво време не очекува до крајот на 2023 година, а подгответе се и за 1 јануари (ФОТО)

ПРВИОТ ДЕН ОД ГОДИНАТА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ – еве какво време не очекува до крајот на 2023 година, а подгответе се и за 1 јануари (ФОТО)

Времето утре ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее.

Вo Скопје магливо и тивко.

Во сабота времето ќе биде претежно облачно и тивко, по котлините со појава на магла.

Во недела на последниот ден од оваа 2023 година времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее.

Во понеделник на првиот ден од Новата година времето ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми.

Температурата особено на првиот ден од годината ќе ги изненади сите, па така најавени се високи  пролетни 16 степени.

To top