Македонија Интервју

Илиеска за Скопје Инфо: Фактот дека имаме највисока инфлација во регионот, говори за тоа дека мерките на владата не се успешни

Илиеска потенцира дека за време на кризна состојба логично е владата да биде ориентирана кон поддршка и стимулација на приватниот сектор, со цел тој да генерира поголем раст и преку остварување поголеми приходи, обврските што ги имаат кон државата се поголеми.

Илиеска за Скопје Инфо: Фактот дека имаме највисока инфлација во регионот, говори за тоа дека мерките на владата не се успешни

Македонија ги живее најтешките денови во економијата од своето осамостојување до денес, а граѓаните преживуваат наместо да живеат. Замрзнатите цени и одмрзнатите даноци дополнително ја зголемуваат тешката економска состојба во која се наоѓа државата. Меѓународните финансиски организации веќе ги намалија очекувањата за раст во периодот што следи. Истражувањата и анализите укажуваат дека економската состојба и финансиската непредвидливост се помеѓу најважните причини поради кои цели семејства бегаат од државава во странство.

Во денешната анализа СкопјеИнфо разговара со Анастасија Илиеска, поранешен директор во Управата за јавни приходи и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи. Во разговорот таа забележува дека после скоро седум години практикување власт очигледно е дека владата нема цел, визија и стратегија како да се справи со економските предизвици. Поддршката на фирмите е субјективна, нетранспарентна, a недостатокот на контролен механизам создава плодна почва за корупција.

На почетокот на разговорот Илиеска вели дека инфлацијата во Македонија е регистрирана уште пред почетокот на војната во Украина за која причините се домашни, а дополнително состојбите од надвор кои во комбинација се причинители за повисоки цени на сите производи и услуги. Ако цената на енергијата се зголемува, очекувано е дека како влезен чинител ќе ја зголеми крајната цена на секој производ и услуга, нагласува таа и додава дека со оглед на тоа што во поширокиот регион имаме една од  највисоките стапки на инфлација тоа доволно укажува дека мерките и одлуките за контролирање и намалување на истата се неуспешни, козметички и маркетиншки и не ги  даваат посакуваните и очекуваните резултати.

Илиеска потенцира дека за време на кризна состојба логично е владата да биде ориентирана кон поддршка и стимулација на приватниот сектор, со цел тој да генерира поголем раст и преку остварување поголеми приходи, обврските што ги имаат кон државата се поголеми.

„На тој начин државата остварува поголеми приходи во буџетот, но наместо тоа владата одлучи да спроведе даночна реформа која е товар за плаќачите на данок, а справувањето со неформалната економија поточно сивата економија е третина од целата економија во земјава“, забележува Илиеска.

Притоа таа во разговорот нагласува дека даночна реформа која е базирана на укинување на ослободување од данок на добивка на правните лица кои ја реинвестираат добивката и на зголемување даночни стапки на производи за прехрана, како и на воведување на нови даноци е реформа која не стимулира поголем раст.

Целото интервју со неа, прочитајте го на СкопјеИнфо

To top