Колумни анастасија илиеска

КРИЗА НА РЕЈТИНГ

Годиниве наназад ни се случуваат кризи од кои излегуваме и влегуваме од една во друга.Кризи најверојатно ќе има и понатаму. Во период кога неколку години зад нас излезени од здравствена криза, енергетска и економска криза , во период кога од страна на владата секојдневно добиваме имагинарна слика дека се движиме кон поголем раст, ни се случи најава и владина одлука за антикризни мерки.

КРИЗА НА РЕЈТИНГ

Со вклучени сетила за ретроактивност на настаните и состојбите, со последните мерки наменети за пензионерите од 1.000 денари пролетта оваа година, после скоро повеќе од половина година владата спакува „предизборни“ пакетчиња .

Додека граѓаните не се излезени од економска криза ,владата ја снајде криза за рејтинг, кај истите тие граѓани за кои години наназад не презеде суштински мерки за излез од економската криза.

Неуспешни се обидите поради неспроведувањето на системи кои се сигурни и одржливи и овозможуваат раст и развој да се заменат со владини мерки и одлуки кои се козметички, длабоко несуштински, периодични и кои не созадаваат сигурност.

Минатата година овој период истата оваа влада поднесе измени на закони во насока на зголемување на даноци на прехрамбени производи, укинување на ослободувања од оданочување со данокот на добивка, најава за нов закон за данок на солидарност, во период кога стапката на инфлација беше скоро 20% и само три месеци претходно прогласи кризна состојба (од 01 септември 2022) во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија . Во тие околности одлука за донесување на антикризни мерки е пологична, наспроти во услови кои ги имаме денес кога стапката на инфлација е пониска , цената на енергијата на светските берзи е стабилизирана.Единствено што сега сме во предвечерието на изборни процеси.

Баш поради временскиот период во кој се носат истите создава простор за сериозно согледување на намерата на владата.

Според Законот за спречување на корупција и Изборниот законик мерките кои имаат карактер на вонредни исплати се изричито забранети во период од денот на распишување на избори до денот на завршување на изборниот процес. При тоа третман на вонредни исплати имаат сите исплати што се надвор од редовните исплати.

Новиот состав на ДКСК својот мандат ќе го почне со проценка дали антикризните мерки имаат влијание врз волјата на граѓаните и доколку е така ќе се смета дека станува збор за поткуп на избирачи.

Поради вакви „антикризни мерки“ за рејтинг со договорот од Пржино за техничка влада опозицијата предлага дополнителен министер за финансии и министер за труд и социјала, се со цел да не се влијае врз волјата на граѓаните во изборниот процес.

Поддршката на пензионерите од 1.000 денари исплатени само за март, април и мај годинава испари со доаѓањето на летото. Ретерирањето кон системското решение што ги усогласуваше пензиите е недоволно поради краткорочните мерки кои не го задржаа нивото на стандард на оваа категорија граѓани.Поради несоодветните политики и ненавремените мерки пензионерите месеци наназад на улиците во цела Македонија протестираат.

Поддршката за студентите ќе беше искрена доколку претходно владата имаше слух на нивните барања за 20 денари плус за дневен оброк. Тоа се истите студенти кои живеат надвор од местото на студирање и престојуваат во студентските домови.

Зголемувањето на висината на платите во јавиот сектор поради усогласување со порастот на минималнатат плата и зголемувањето на платите во јавениот сектор согласно општ колективен договор не се мерки „антикризни“ .Нивното внесување во овој предизборен пакет е несоодветно поради тоа што се усогласувања кои според колективните договори и законските прописи е неопходно и задолжително.

Мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите од 3.000 до 9.000 денари е мерка која предходно беше воведена за периодот октомври 2019-септември 2022 година, но за зголемување на плата од 600 до 6.000 денари нето износ по вработен.Мерката најавено е дека ќе стартува од јануари 2024 година и ќе трае цела година.Поради периодот (октомври, ноември и декември 2023 година) според кој ќе се утврдуваат условите за субвенционирање на придонесите за зголемување на плати, а истиот сеуште не е изминат, отворена е можноста компаниите кои ќе ја користат оваа мерка да им ги намали платите на работниците за месеците ноември и декември со цел да ја искористат мерката ,а реално да не зголемат плата на работник.

Од 660 милиони евра колку што чини цел пакет на антикризни мерки за рејтинг на владата, само 82 милиони евра се обезбедени од буџетот.
Овие пакетчиња народот ќе ги плати многу повеќе од она што реално вредат.

Владата обидувајќи се да го зголеми својот рејтинг, ефектот од антикризниот пакет ќе го дознае со доаѓањето на летото, а можеби и порано.

To top