Ракомет одбројувањето започна

Ракометарите ја почнаа последната фаза од подготовките пред ЕП 2024 година

Ракометарите ја почнаа последната фаза од подготовките пред ЕП 2024 година

Одморот за машката ракометна репрезентација на Македонија заврши и тие ја почнаа последната фаза од подготовките за Европско првенство (ЕП) кое ќе се игра во Германија во текот на месецов.

Македонија го игра првиот меч против Франција на 10 јануари на фудбалски стадион во Диселдорф, а селекторот Кирил Лазаров не ги жалеше неговите избраниците по празниците, односно периодот исполнет со руска салата и кифлички.

Ракометарите на Македонија се во група со Франција, Германија и Швајцарија, а само првите две селекции ќе обезбедат пласман во следната фаза.

To top