Ракомет

Никола Портнер втор пат позитивен

Никола Портнер втор пат позитивен

Никола Портнер го очекува долга суспензија и пауза од ракометните терени откако и вториот примерок при тестирањето се покажал позитивен на метамфетамин.

Швајцарскиот голман на Магдебург важеше за еден од најдобрите ракометари на актуелниот европски првак, па како бомба одекна веста дека Портнер бил позитивен на допинг-тест, поради што доби суспензија и забрана да тренира со соиграчите.

Швајцарецот категорично демантираше дека земал недозволени супстанци и веруваше дека Б-примерокот ќе го докаже тоа, но за жал новиот тест само ја потврди вината на одличниот голман.

To top