Ракомет

Лазаров: Германија е класа за Македонија во моментов

Лазаров: Германија е класа за Македонија во моментов

Селекторот на националнито тим Кирил Лазаров смета дека тимот направил премногу технички грешки и имавме премногу подарени топки, директно во рацете на противникот.

„Не можам да кажам дека сум задоволен, имавме некои добри моменти, но тоа не е доволно за натпревар против ваков ривал. Повеќе од петнаесет технички грешки, продадени топки, подарени во рака, тоа е недозволиво. Германија нѐ казни, беа пресилни, но ние се боревме колку што можевме. Лошо го започнавме мечот и потоа немавме шанса да им се доближиме. 

Мислам дека Германците во моментов се класа подобри од нас, тоа е евидентно, видовте како се движат, трчаат, шутираат. Имаме многу млади играчи , но не е реално во овој момент да се надеваме на победа против овие ривали. Ќе пробаме да ги средиме емоциите, да одмориме и ќе се обидеме против Швајцарија, иако видовме каков резултат извлекоа со Франција“, изјави Лазаров.

To top