Фудбал фудбал

Многумина го посакуваат – Ерлинг Халанд одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд одлучи каде сака да ја продолжи кариерата. Ги растажи сите клубови кои сакаа да го доведат во летниот преоден рок.

Многумина го посакуваат – Ерлинг Халанд одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд одлучи каде сака да ја продолжи кариерата. Ги растажи сите клубови кои сакаа да го доведат во летниот преоден рок.

23-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд е играч кој секој го посакува во својот тим. Сепак, изгледа дека нема да оди никаде од Етихад, барем не ова лето.

По извонредните игри во дресот на Манчестер Сити и 71 гол во 84 настапи, норвешкиот напаѓач се најде на радарот на Реал Мадрид.

Неодамна на печатот во Шпанија дури се зборуваше за планот на Флорентино Перез, претседателот на Реал, следното лето да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“.

Преговорите за нов договор привремено ги „блокираше“ менаџерката на играчот Рафаела Пименто, но се чини дека наскоро се ќе биде комплетирано.

Ерлинг Халанд наводно ја отфрлил можноста за преселба во Реал Мадрид од моментот кога станало речиси јасно дека Килијан Мбапе ќе замине таму.

Актуелниот договор меѓу Халанд и Сити има важност за уште три години, односно до летото 2027 година. Да потсетиме, тој пристигна од Борусија Дортмунд летото 2022 година за 60 милиони евра.

Но, според последните информации на англиските новинари, овој план на Лос Бланкос има мали шанси да успее.

To top