Фудбал

Анчелоти: Ова се мечеви кои не сакате да ги пропуштите

Анчелоти: Ова се мечеви кои не сакате да ги пропуштите

Реал Мадрид го дочекува овој натпревар како новокрунисан шампион на Шпанија, додека Баерн ја загуби титулата во Бундеслигата по една деценија доминација. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти е полн со почит кон баварскиот гигант.

– Мислам дека нашите клубови се слични. Тоа се клубови со длабока традиција, кои имаат многу историја во фудбалот. Мора да ги почитувате противниците, особено во оваа фаза, а особено оној како Баерн. Ова се натпреварите кои не сакате да ги пропуштите – изјави Анчелоти.

Тој откри дека и покрај враќањето на голманот Тибо Куртоа, местото меѓу стативите најверојатно ќе застане Андреј Лунин.

– Доколку не се предомислам, Лунин ќе биде на голманската позиција. Планот со Куртоа е да му даде повеќе време преку тренинзите – вели стратегот на шпанскиот клуб.

Најискусните како Лука Модриќ, Тони Крос, Дани Карвахал и понатаму имаат место во составот, иако со намалена минутажа.

– Времето минува и понекогаш е потребно играчите да менуваат клубови. Сепак, јасно е дека клучот за успехот сите овие години е тоа што имаме играчи како Модриќ, Карвахал, Начо, кои сè уште се тука. Тие навистина помогнаа успешно да се спроведе смената на генерации – рече Анчелоти.

To top