Познати

ЗА 7 СЕКУНДИ ПОСТИГНУВА БРЗИНА ОД 200 КМ/: Халанд купи „ѕвер“ чија цифра не можете да ја замислите ниту во сон, изгледа како вселенски брод! (ФОТО)

ЗА 7 СЕКУНДИ ПОСТИГНУВА БРЗИНА ОД 200 КМ/: Халанд купи „ѕвер“ чија цифра не можете да ја замислите ниту во сон, изгледа како вселенски брод! (ФОТО)

Фантастичниот напаѓач на Манчестер Сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд, доби вистински автомобилски бисер во својата колекција вреден вртоглави 3,2 милиони евра!

Силниот напаѓач купил „Mercedes-AMG One“ , пишува норвешкиот весник Dagens Naeringsliv.

Тој е еден од најексклузивните автомобили во светот, бидејќи се произведени само 275 примероци, а при купувањето, Халанд се здружил со неговиот пријател од детството, норвешкиот колекционер на автомобили Оле Ертваг.

Потребни се 7 секунди за да се постигне брзина од 200 km/h, додека 300 km/h се постигнува за 15,6 секунди. Автомобилот е опремен со мотор од 1.063 коњски сили и достигнува максимална брзина од 352 km/h.

Халанд, инаку, е голем љубител на луксузни автомобили и веќе има Rolls Royce Cullinan (350.000 евра), Audi RS6 Avant (140.000 евра), Range Rover Sport (140.000 евра) и Mercedes-AMG GLE (105.000 евра) во неговата колекција.

Најнови вести од Познати

To top