Фудбал

Eрлинг Халанд најдобар фудбалер во 2023 година во изборот на „Глоуб Сокер“

Eрлинг Халанд најдобар фудбалер во 2023 година во изборот на „Глоуб Сокер“

Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар фудбалер за 2023 година на свечената церемонија за наградите на „Глоуб Сокер“.

Во моментите пред да биде избран најдобриот фудбалер камерите беа насочени кон Кристијано Роналдо и Халанд, а Португалецот покажуваше со прст дека Норвежанецот е тој што ја заслужува наградата.

На крајот и Халанд беше и избран. Но, имаше и награда за Роналдо кој беше прогласен за фаворит на фановите за 2023 година, како и за најдобар стрелец.

 

To top