Свет повик за прекин на огнот во Газа

Папата повика на прекин на нападите врз цивили во светот

Папата рече дека настаните во Украина и Газа се јасен доказ за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.

Папата повика на прекин на нападите врз цивили во светот

Папата Франциск денеска повика да се прекинат нападите врз цивили во светските конфликти, вклучително и конфликтите во Газа и Украина, и посочи дека нападите врз цивили се воени злосторства.

-Современите војни веќе не се водат само на боиштата, ниту се однесуваат само на војниците. Не смееме да заборавиме дека сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право се воени злосторства и дека не е доволно да се идентификуваат, туку е неопходно и да се спречат, изјави поглаварот на Римокатоличката црква за време на новогодишната аудиенција на членовите на дипломатскиот кор акредитиран во Светата столица.

Папата рече дека настаните во Украина и Газа се јасен доказ за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.

-Дури и кога станува збор за остварување на правото на самоодбрана, неопходно е да се придржуваме до пропорционална употреба на сила, рече папата Франциск.

Тој го повтори својот повик за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас.

To top