Свет САД се „демократија во криза“

Макрон: Ќе работам со кој и да победи на изборите во САД

– САД се важен сојузник. Тоа е демократија што минува низ криза во која најприоритетно прашање е таа самата, а на второ место е моќта на Кина. Сите ние Европејците треба да бидеме „луцидни“ во врска со тоа, рече Макрон.

Макрон: Ќе работам со кој и да победи на изборите во САД

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе работи со кој и да победи на изборите во САД, еден ден откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат од републиканците во Ајова.

– Отсекогаш сум ја имал истата филозофија, работам со лидерите што ми ги даваат луѓето, рече Макрон на прес – конференција во Париз.

Тој оцени дека САД се „демократија во криза“.

– САД се важен сојузник. Тоа е демократија што минува низ криза во која најприоритетно прашање е таа самата, а на второ место е моќта на Кина. Сите ние Европејците треба да бидеме „луцидни“ во врска со тоа, рече Макрон.

За време на претседателствувањето на Трамп, двајцата имаа низа подеми и падови во нивниот однос. Првично, Макрон имаше тенденција да биде помирлив со Трамп, кого го нарече пријател и го покани на вечера во Ајфеловата кула на Денот на Бастилја, но како што минуваа годините, политичките одлуки за климатските промени, оданочувањето и особено Иран предизвикаа тензии меѓу Трамп и неговите европски сојузници.

Макрон дури претходно изјави дека неговите телефонски разговори со Трамп и другите светски лидери се „како колбаси: подобро е да не се објаснува што има внатре“.

To top