Свет дестабилизација на регионот

Ал Атифи: Хутите се подготвени за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија

Јеменските Хути се подготвени за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија, изјави денеска командантот на силите на таа исламистичка организација, Мохамед ал Атифи.

Ал Атифи: Хутите се подготвени за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија

-Подготвени сме за долгорочна конфронтација со силите на тиранијата. Американците, Британците и оние кои се координирани со нив мора да ја разберат силата на суверената одлука на Јемен и дека за тоа нема дебата или спор, се вели во соопштението на Ал Атифи.

Тој на вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот.

Како што оцени, американската администрација се меша во меѓународниот систем на вредности преку стандардите што ги поставува.

Тој потврди дека пловидбата во Црвеното и Арапското море до сите дестинации ширум светот е безбедна и стабилна и дека движењето на бродовите е безбедно, освен за израелските бродови или оние што одат во пристаништата на окупираните палестински територии, вклучително и американски и британски бродови.

Според него, одговорноста за правната, воената и политичката безбедност на Црвеното Море е на државите и земјите кои граничат со тоа море, а пред се на Јемен.

To top