Македонија поразот не им бега

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат дека имаме двојно поголем рејтинг пред СДС и тројно поголем рејтинг на Мицкоски пред Ковачевски

Последната анкета на ИПИС, слично како и анкетите на другите агенции покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДС, односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,3 % од испитаниците, а за СДС 11,3%.

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат дека имаме двојно поголем рејтинг пред СДС и тројно поголем рејтинг на Мицкоски пред Ковачевски

Секоја релевантна анкета покажува дека не само што СДС ќе изгуби на престаојните избори, туку во континуитет рејтингот и довербата кај граѓаните опаѓа. Колку подолго ја одолговлекуваат својата агонија, толку покатастрофален ќе биде нивниот пораз. Тоа е резултатот на нивната неспособност и неодговорност, но и поради криминалот и корупцијата кои царуваат со оваа власт на ДУИ и СДС, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Последната анкета на ИПИС, слично како и анкетите на другите агенции покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДС, односно за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,3 % од испитаниците, а за СДС 11,3%. Во делот на рејтингот на лидерите на партиите, Мицкоски е со поддршка од 16,5 отсто, потоа следи Али Ахмети со 6,1 отсто, а дури на трето место е премиерот и лидер на СДСМ Ковачевски со рејтинг од 5,6 проценти. Ова покажува дека Мицкоски е со тројно поголем рејтинг од Ковачевски.

Граѓаните во исто време јасно и гласно со 66,6% даваат поддршка за тоа претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист термин со цел да се заштедат и средства и време и да не се блокира државата цела една година.

Оваа анкета само потврдува дека СДС и Ковачевски доживуваат пораз на секое поле и за секоја нивна нерационална политика. Крајот на нивното владеење се гледа, а колку побрзо си стават крај, толку подобро за Македонија. Нека не го држат во заложништво народот и државата, поразот не им бега“ – велат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top