Македонија велигденска честитка

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет, пишува во својата честитка по повод големиот христијански празник Велигден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!, пишува Мицкоски во својата честитка.

Најнови вести од Македонија

To top