Кошарка НБА

Денвер немоќен на стартот од серијата со Минесота (ВИДЕО)

Денвер немоќен на стартот од серијата со Минесота (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс уште еднаш покажаа дека се во страшна форма откако на гости го урнаа Денвер Нагетс 106:99 и остварија триумф на гостински терен во првиот меч од полуфиналната серија на Западот.

Неверојатниот Ентони Едвардс уфрли 43 поени а неговиот партнер со кого блескаат цела сезона Карл-Ентони Таунс додаде 20 поени. Наз Рид имаше 16 поени од кои дури 14 во последниот период кога го скршија Денвер.

Денвер Нагетс, како и во дуелите со ЛА Лејкерс, не беше на потребното ниво и доколку сака да направи некаков пресврт ќе мора да ја подигне формата.

Никола Јокиќ уфрли 32 поени со осум скока и девет асистенции но изгуби седум топки. Од игра Србинот уфрли 11/25. Џамал Мареј запиша 17 поени (6/14 од игра) а Портер стигна до 20 поени со 6/13 од игра.

To top