Останати спортови

Јаник Синер нема да настапи во Рим

Јаник Синер нема да настапи во Рим

Јаник Синер нема да учествува на најголемото тениско натпреварување кое се игра во неговата татковина тенискиот турнир во Рим.

Шампионот на Австралија опен поради повреда го пропушти крајот на турнирот во Мадрид, а во саботата на социјалните мрежи објави дека нема да биде подготвен ниту за Мастерсот во Рим.

-Не е лесно да се напише оваа порака, но по новите разговори со лекарите и специјалистите за моите проблеми со колкот, морам да објавам дека за жал нема да можам да настапам во Рим, напиша Јаник Синер.

Да потсетиме, на турнирот во Рим нема да настапи ниту Карлос Алкараз, а под голем знак прашалник е и бранителот на титулата Данил Медведев.

To top