Останати спортови

Ига Швјонтек го освои Мадрид

Ига Швјонтек го освои Мадрид

Светскиот рекет број еден, Ига Швјонтек триумфираше на  ВТА Мастерсот во Мадрид, откако во финалето во три сета со резултат 7:5, 4:6, 7:6 (9:7) ја победи Арина Сабаленка (Белорусија), второпласирана на ВТА-листата.

Мечот траеше 3 часа и 12 минути. Интересно е што овој меч беше реприза на ланското финале, кога Сабаленка славеше во три сета, па Полјачката сега успеа да и се одмазди.

To top