Фудбал

Њујорк поведе против Интер Мајами, но се појави Меси (ВИДЕО)

Њујорк поведе против Интер Мајами, но се појави Меси (ВИДЕО)

Иако игра во американската МЛС лига тој уште еднаш покажа каков волшебник е во победата на неговиот Интер Мајами против Њујорк Ред Булс со 6-2.

Тимот од Флорида по првото полувреме имаше негатива од 0-1, но во вториот дел Меси уште еднаш го покажа сиот свој репертоар. Натпреварот го заврши со пет асистенции и еден гол, а одлична вечер имаше и Луис Суарез кој постигна три гола.

Со овие пет гола и една асистенција Меси стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да учествува (гол или асистенција) во 1200 случаи во својата кариера.

To top