Економија во што да вложите?

Оваа криптовалута стана попрофитабилна од златото!

Вредноста на биткоинот од почетокот на годината се зголеми за повеќе од 150 отсто, така да тие кои инвестирале во оваа валута на почетокот на годината, сега можат да заработат повеќе отколку што би добиле доколку вложиле во злато или акции. Во јануари биткоинот вредеше 15.700 долари, додека деновиве лебди над 40.000 долари. Биткоинот последен пат беше на ова ниво во април минатата година.

Инвеститорите во оваа дигитална монета добија силен ветар на глобално ниво, а од берзата за криптовалути ECD за RT Balkan изјавија дека растот на биткоинот има значително влијание и на пазарот во Србија.

– Овој импресивен раст повторно го разбуди интересот на пошироката јавност во Србија, не само кај искусните инвеститори кои со години инвестираат во најпознатата криптовалута, туку и кај обичните граѓани кои бараат нови можности за инвестирање и начин да се заштитат нивните заштеди – вели Игор Мирковиќ.

Тој забележува дека е зголемен интересот и на институциите и на компаниите, кои претходно избегнуваа крипто, но сега тие активно истражуваат како да го користат во бизнисот.

– Ова не е само зголемување на вредноста, туку и зголемување на перцепцијата и прифаќањето на криптовалутите како легитимен дел од финансискиот систем. Сведоци сме како крипто полека, но сигурно се интегрира во различни сектори, од технолошки до финансиски, што отвора нови, алтернативни можности за иновации и раст – вели соговорникот.

Во текот на изминатите пет години, биткоинот од 2.980 американски долари колку што вредеше во декември 2018 година се зголеми на повеќе од 40.000 долари од почетокот на овој месец, Максималната вредност е забележана во ноември 2021 година и изнесува 58.450 долари.

To top