Ракомет ракомет

Митревски: Не треба да се срамиме од тоа што го покажавме против Франција!

И на овој меч, како што вообичаено, нашиот голман Никола Митревски, беше еден од најдобрите во селекцијата на Македонија. На крајот заврши со 10 одбрани, сосема солидно кога играш против една Франција.

По мечот на кој Македонија беше поразена од пресилната Франција, Митревски истакна:

Атмосферата беше одлична, и почнавме одлично. Мислам дека 15-20 минути бевме во егал, до некаде контролиравме тоа што се слулчуваше на теренот. Потоа нивната одбрана не натера да направиме неколку неизнудени грешки кои лесно ги искористија во транзиција да не казнат и да преземат иницијатива и да го контролираат мечот до крај.

За тоа каква е разликата меѓу Македонија и Франција, дали е тој задоволен од тоа што Македонија покажа, Митревски дополни:

Не знам што би рекол. Таа е разликата е меѓу Македонија и Франција, секој детал решава. Тие играат врвни мечеви среда – сабота, ние немаме такви натпревари за жал, ни треба многу многу да работиме да го стигнеме до некаде нивното ниво. Мислам дека ќе остане малку горчина, не заради разликата од -10, можеби да бевме сконцентрирани и да го немавме нашиот менталитет, кој што пробуваме да го промениме, би биле задоволни ако завршеше со 5-6 разлика. Тие детали, тие загубени топки во транзициј, таа е таа концентрацијка која тие ја имаат 60 минути а ние не. Претставата беше добра, резултат не. Не треба да се срамине од тоа што покажавме против Франција, заклучи нашиот голман.

To top