Македонија За македонскиот јазик

Мицкоски: Традицијата која се темели на македонскиот непокор, сме должни да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме

Како идна влада ќе преземеме многу активности за афирмација на јазикот, за да го оставиме уште многу векови по нас, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Мицкоски: Традицијата која се темели на македонскиот непокор, сме должни да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме

Јазикот е нашиот идентитетски белег кој мора да го чуваме и негуваме, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-На денешен ден пред 79 години е усвоена македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик. Низ вековите нашите претци опстојале и го негувале јазикот, кој преку азбуката добил своја пишана форма. Нашата традиција е исткаена низ едно богато фолклорно творештво кое е од непроценлива вредност за нас. Оваа богата традиција, која се темели на македонскиот непокор, сме должни да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме. Како идна влада ќе преземеме многу активности за афирмација на јазикот, за да го оставиме уште многу векови по нас, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Најнови вести од Македонија

To top