Ракомет

Познати се сите четирите учесници на Ф4 во Лигата на Европа

Познати се сите четирите учесници на Ф4 во Лигата на Европа

Шознати се сите четири учесници на фајналфор турнирот во елитното европско натпреварување. Од четирите екипи, три се германски прволигаши, на кои друштво ќе им прави Динамо Букурешт, за кого ова ќе биде дебитантски настап на еден фајналфор турнир.

Фленсбург неочекувано загуби на реваншот на домашен терен од Савехоф со 28-29, но поранешниот европски првак имаше огромни „плус 11“ од првиот меч во Шведска и рутински го запечати пласманот на фајналфор турнирот.

Возбудливо беше во Нант, каде францускиот тим по реваншот на првиот меч во Германија на домашен терен загуби од Берлин, па „лисиците“ од германската метропола ќе патуваат на завршниот турнир во Хамбург каде ќе ја бранат титулата освоена лани.

Милосављев повторно беше одличен на голот на Берлин со 13 одбрани, додека Андерсон со девет погодоци беше најефикасен во победничкиот тим.

Последен учесник на овој фајналфор турнир ќе биде Рајн-Некар Левен, германскиот тим што во квалификациите за ова натпреварување на почетокот од сезонава го елиминираше Вардар.

 

To top