Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа над Охрид се врати на првото место

Еурофарм Пелистер со победа над Охрид се врати на првото место

Еурофарм Пелистер играше под притисок по вчерашната победа која ја оствари Вардар над Тиквеш, но актуелниот шампион позитивно одговори и денеска се врати на првото место на табелата.

Битолчани имаа на хартија тешко гостување во Охрид, но во 10-то коло од плејофот покажаа класа и славеа уверливо со 22:29.

На првиот меч кој се одигра вчера, Бутел на домашен терен го совлада Тинекс Пролет со 23:17.

To top