Ракомет

РК Вардар го победи Алкалоид и останува во игра за титулата

РК Вардар го победи Алкалоид и останува во игра за титулата

Ракометарите на Вардар го добија дербито со Алкалоид (24:21) во денешното дерби на македонската ракометна Супер лига и се зацврстија на второто место на плејоф табелата.

Јасихура со 8 голови беше најдобар поединец кај Вардар, додека на спротивната страна по 5 гола реализираа браќата Митев.

Со денешната победа „црвено-црните“ се зацврстија на второто место и остануваат на два бода заостанување зад актуелниот лидер Еурофарм Пелистер, кој има предност во трката за титулата.

To top