Живот и Стил Совет

Не ги фрлајте лушпите од велигденските јајца, еве како да ги искористите – ќе направат чудо во вашата градина

Ако имате градина, вашите домати и пиперки особено ќе уживаат во калциумот од лушпите од јајцата, но и други растенија и цвеќиња ќе имаат корист од овој додаток.

Не ги фрлајте лушпите од велигденските јајца, еве како да ги искористите – ќе направат чудо во вашата градина

Откако ќе ги изедете вашите велигденски јајца, не мора да ги фрлате лушпите. Има начин како да ги искористите, особено ако вашиот дом, тераса или градина се збогатени со цвеќиња и растенија.

Лушпата од јајцето е вистинско богатство на хранливи материи, особено калциум, што ја прави одлично природно ѓубриво.

Ако имате градина, вашите домати и пиперки особено ќе уживаат во калциумот од лушпите од јајцата, но и други растенија и цвеќиња ќе имаат корист од овој додаток.

Се што треба да направите е да ја згмечите лушпата и да ставите две до три лажици во саксијата, односно во почвата околу растението, доколку сте ја засадиле надвор.

Во вода можете да ставите и лушпи од јајца. Оставете ги внатре, а потоа искористете ја таа вода за наводнување на вашите растенија.

На пример, за 12 до 18 јајца ви требаат околу 18 литри вода, односно една лушпа за еден литар вода. Оставете ги лушпите во водата околу една недела пред да ги наводнете растенијата, за да испуштаат хранливи материи во водата.

To top