Ракомет Легенда на ракометот

Георгиевски потпиша нов договор со Вардар, се огласи Борко Ристовски

Георгиевски во екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите, и претставува легенда на македонскиот ракомет. 

Георгиевски потпиша нов договор со Вардар, се огласи Борко Ристовски

Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски постигна договор со Вардар за продолжување на соработката на уште една сезона.

-Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбции секогаш се победа, и титули. Гоце е се уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи, вели извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски.

Георгиевски во екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите, и претставува легенда на македонскиот ракомет.  (МИА)

To top