Кошарка

Мекиќ: Можеме да ја победиме Естонија

Мекиќ: Можеме да ја победиме Естонија

Естонија е првиот ривал на Македонија во квалификациите за Евробаскетот 2025 година, а македонскиот репрезентативец е оптимист пред мечот со оваа селекција.

„Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која ѝ ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка“, со респект зборува Мекиќ за ривалот, но сепак верува дека Црвено-жолтите имаат свои адути.

„Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски, коишто имаат енормно големо искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас“, вели Мекиќ во пресрет на мечот кој в петок од 19 часот ќе се игра во СРЦ „Кале“.

To top