Македонија избори 2024

Мисајловски: Македонија има нова претседателка, тие што бојкотираа се најголеми губитници – во ИЕ 2 резултатите се одлични од Ѓорче до Куманово!

Тој вели дека изборниот ден поминал со притисоци од ДУИ и други партии, но ги пофали сите граѓани за поддршката која им ја дале на нив.

Мисајловски: Македонија има нова претседателка, тие што бојкотираа се најголеми губитници – во ИЕ 2 резултатите се одлични од Ѓорче до Куманово!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 преку изјава за медиумите вели дека Македонија победува, ова го очекуваа сите граѓани.

„Резултатите се во корист на Гордана Силјановска Давкова, сите треба да знаат дека Македонија има нова претседателка, Македонија има нова Влада. Македонија излезе и реши да ги порази ДУИ и СДСМ, а најголеми губитници се тие што не излегоа да гласаат и бојкотираа“, вели Мисајловски.

Тој вели дека изборниот ден поминал со притисоци од ДУИ и други партии, но ги пофали сите граѓани за поддршката која им ја дале на нив.

„Знаеме дека овие проблеми доаѓаа од ДУИ, сакаа да направат поткуп, уцени и закани, но неуспешно, тие се најголеми губитници денес“, вели Мисајловски.

Во изборната единица 2 вели дека одлични се резултатите, од Ѓорче Петров до Куманово.

Најнови вести од Македонија

To top