Кошарка скандал

Кошаркар на Ц.Звезда одби да игра против Реал

Кошаркар на Ц.Звезда одби да игра против Реал

Плејмејкерот на Црвена Звезда, Шабаз Нејпир предизвика бура во редовите на својот тим откако не се најде во составот на натпревар против Реал Мадрид.

Тренерот Јанис Сферопулос на прес-конференцијата по мечот изјави дека Нејпир, всушност, не сакал да игра затоа што се подготвува да замине од оваа екипа.

„Шабаз Нејпир е во преговори со друг тим и поради тоа побара да не игра“, изјави Сферопулос по натпреварот.

Информациите од српските медиуми се дека Нејпир ќе се врати во тимот на Олимпија Милано каде играше до крајот на минатата сезона.

To top