Фудбал столо се закани

Столе Димитриевски имаше порака за Италијанците: Знаеме дека сте силни, ама…

Столе Димитриевски брани во извонредна форма во дресот на Рајо Валјекано, а она што е главна одлика на македонскиот голман во изминатите години е што најдобрите партии ги покажува против најсилните ривали како Барселона и Реал Мадрид.

Од Димитриевски се очекува тој тренд да го продолжи и вечерва во репрезентативниот дрес против моќната Италија, а нашиот голман во изјава за италијанскиот весник „Тутоспорт“ не дека дека се надева на изненадување вечерва на „Олимпико“.

„Јас сум специјално поврзан со Италија, бидејќи дебитирав за репрезентацијата во 2017 година, кога успеавме да одиграме 1-1. Знаеме дека сте силни, но ние секогаш играме добро против вас, наоѓаме начин да го дадеме нашиот максимум. Очекувам тежок натпревар, јасно ми е дека Италија мора да победи ако сака да се пласира на ЕП 2024, но и ние имаме свои желби“, изјави Столе Димитриевски за „Тутоспорт“.

To top