Фудбал фудбал

Лаутаро призна: Бев блиску до потпис со Атлетико Мадрид!

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез ги потврди пишувањата дека тој требало да потпише за Атлетико Мадрид, но во последен момент одлучил да се пресели во Милано.

Во 2018 година кога Лаутаро Мартинез од Расинг требало да се пресели во Европа, имал вербален договор со Атлетико Мадрид, но тогаш Диего Милито му се јавил на Интер и работите се промениле.

Лаутаро сега е главен во Интер, еден од најдобрите напаѓачи во светот и капитен на тимот.

Тој потврди дека бил пред трансфер во Атлетико Мадрид во 2018, но многу е среќен што тоа не се случило.

„Бев блиску да потпишам со Атлетико Мадрид, но тоа не се случи, пресреќен сум што завршив во Интер“, вели напаѓачот.

„Ние се развиваме, растеме, оваа група на фудбалери е многу добра и пресреќен сум што сум тука“.

To top