Фудбал

Димитриевски: Резултатот од Англија е нереален, сега треба да покажеме вистинска слика

Димитриевски: Резултатот од Англија е нереален, сега треба да покажеме вистинска слика

На средбата со новинарите во пресрет на натпреварот со Англија, освен селекторот Милевски зборуваше и голманот Столе Димитриевски.

„Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше доста тежок. Резултатот според нашите квалитети не е реален, ама тоа може да му се случи секому. Имаме нов натпревар за докажување, да покажеме дека тоа не беше вистинската слика за нас. Мора да покажеме подобра игра, во најдобро светло. Се надевам на тензичен натпревар за двете селекции, со вистинско темпо. Треба да дадеме максимум, да одиграме одличен натпревар пред нашата публика. Се надевам дека самиот меч ќе биде спектакл, иако пред три дена игравме тежок дуел во Рим. Да бидам искрен, се чувствувам лошо за многуте примени голови. Сепак, ние сме една репрезентација која има доста нови играчи, во дефанзивата и сите редови. Потребно е време за да се запознаеме и ускладиме, да одиграме заедно натпревари, тоа е факт. Мора многу подобро да работиме, цел тим во дефанзива, не само јас или одбраната. Треба да сме пофокусирани бидејќи примаме доста голови поради ситни детали кои се пресудни. По овој натпревар ни следат четири пријателски, за да се подготвиме за Лигата на нациите.

 

To top