Фудбал пријателски натпревар

Македонија загуби од Црна Гора во Анталија

Македонија загуби од Црна Гора во Анталија

Македонската фудбалската репрезентација на вториот контролен натпревар во Анталија загуби од Црна Гора со 1:0 и со ова не успеа да го поправи впечатокот по ремито со Молдавија.

Стеван Јоветиќ го постигна единствениот гол на мечот во 45 минута од натпреварот по третиот корнер на Црногорците кој го изведе Цамај.

Измените кои ги направи селекторот Благоја Милевски во второто полувреме не беа доволни за Македонија да избегне пораз.

Во јуни Македонија ќе одигра уште две пријателски средби против селекциите на Хрватска и Чешка и со нив ќе ги продолжи подготовките за настапот во Лигата на нации.

To top