Познати

Пронајдено телото на познат водител и неговото момче – кога ќе дознаете кој ги убил и зошто ќе се шокирате! (ФОТО)

Пронајдено телото на познат водител и неговото момче – кога ќе дознаете кој ги убил и зошто ќе се шокирате! (ФОТО)

Полицијата во Австралија соопшти дека пронашла две тела при потрагата по познатиот водител Џес Бард и неговиот партнер Лук Дејвис, за чие убиство е осомничен полицаец.

„Речиси сме сигурни дека ги најдовме Лук и Џес“, соопштија од полицијата.

Бомонт Ламар Кондон, полицаец кој некогаш бил во врска со Џес Бард, е осомничен дека ги убил него и Лука минатиот понеделник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JESSE BAIRD (@jessebairddd)

Телата се пронајдени на фарма во рурална област во Бунгонија, јавува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека откако првично одбил да соработува со истрагата, Кондон конечно ја открил локацијата на телата во вторникот наутро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JESSE BAIRD (@jessebairddd)

Детективот Даниел Доерти рече дека останките биле пронајдени во близина на влезот на имотот и „дека биле направени обиди да се покријат телата со камења“.

Полицијата додаде дека постои сомнеж дека телото од домот на познатиот водител се транспортирало до овој имот со две торби за сурфање.

Во текот на истрагата било откриено дека Кондон минатата среда го обиколил имотот со негов познаник и дека пристигнал со бело комбе кое претходно го изнајмил.

Се верува дека Кондон ја скршил капијата на имотот и таму го оставил својот пријател, а потоа се оддалечил со комбето и ги фрлил телата.

Да потсетиме, Кондон застрелал двајца млади момчиња во куќата на Џес во Падингтон, а во текот на истрагата полицијата пронашла куршум и чаура за кои постои сомневање дека биле испукани од службениот пиштол на Кондон.

Најнови вести од Познати

To top