Кошарка

Олимпијакос ја доби Барселона и се избори за мајсторка

Олимпијакос ја доби Барселона и се избори за мајсторка

Олимпијакос извојува убедлива победа од 92-58 против Барселона во четвртиот меѓусебен натпревар од четвртфиналната пресметка во Евролигата, и се избори за мајсторка преку која ќе се одлучува за местото на Ф4 турнирот.

МекКисик беше одличен со 21 поен и шест скока, а Канан заврши со 12 постигнати поени. Паркер беше најдобар кај Барселона со само 10 постигнати поени, и два скока.

To top