Фудбал

Тен Хаг: Ни требаат засилувања, но имаме добра основа

Тен Хаг: Ни требаат засилувања, но имаме добра основа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека се надева дека тимот ќе се пласира на европските турнири. Според него, тоа ќе се одрази на буџетот, но не и на летната селекција.

-Како и обично, ни претстои многу работа. Знаеме дека сè уште сме под нивото што се очекува од Манчестер Јунајтед и мораме да фатиме чекор. Ова ќе биде мојот петти преоден рок – два од нив беа добри, два пропуштивме. Мораме да го подобриме составот, но има многу добра основа, коментира Тен Хаг.

Запрашан дали ќе има големи промени во тимот, Холанѓанецот рече: „Тоа е лудо. Откако сум тука, секое лето, секој прозорец имавме интерес за 200 играчи и го продадовме целиот тим. Така правите наслови. Најдете си добар извор“.

To top