Свет одекнале најмалку осум експлозии

Најмалку двајца убиени и седум ранети во руските напади врз Киев и Харков

Тоа беше втор напад на Харков во текот на денешниот ден, бидејќи имало серија напади околу четири часот наутро, според украинските медиуми.

Најмалку двајца убиени и седум ранети во руските напади врз Киев и Харков

Две лица загинаа, а седуммина се повредени во денешните руски ракетни напади врз Киев и Харков според досегашните информации, соопштија украинските власти.

Причинета е материјална штета и на инфраструктурни објекти.

-Во серијата руски напади на Харков утринава загинаа две жени, соопшти шефот на Регионалната воена управа Олег Синегубов, пренесуваат украинските медиуми.

Како што е соопштено, околу 7:15 часот по локално време, во Харков одекнале најмалку осум експлозии.

Тоа беше втор напад на Харков во текот на денешниот ден, бидејќи имало серија напади околу четири часот наутро, според украинските медиуми.

Според првичните податоци, оштетена е станбена зграда и цивилна инфраструктура.

Во Киев седум лица се повредени во нападите, соопштија украинските власти.

Шест лица се хоспитализирани, а на тринаесетгодишно момче лекари на лице место му укажале помош.

Сергеј Попко, шефот на воената управа на регионот Киев, претходно објави дека системите за противвоздушна одбрана биле ангажирани во одбивањето на рускиот ракетен напад.

To top