Скопје ЕВН Македонија АД

Без струја дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар

Во периодот од 09.00 до 10.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во село Буковиќ, општина Сарај. 

Без струја дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без струја во определен временски период ќе останат дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар.

Без електрична енергија во периодот од 10.00 до 12.00 часот, ќе останат корисниците од Цветово, Преслап Китка, Варвара, Караџица, Палиград, Долно Количани, Солунска Глава, Дрисла, Алдинци, Дом Китка, Љубош, Батинци, Пагаруша, Долно Количани, Вртекица, Драчевица и Равни Габер, општина Студеничани.

Во периодот од 09.00 до 10.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во село Буковиќ, општина Сарај.

Во периодот од 08.30 до 12.30 часот, без струја ќе останат корисниците од објектите и фирмите околу ТС Автосервис Визбегово во непосредна близина на новата бензинска пумпа ХИБ Петрол и самата бензинска, во општина Бутел.

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од село Кучково, општина Ѓорче Петров, додека во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на ул. „Загребска“, како и црквата Св.Јован Крстител, општина Центар.

To top