Македонија едночасовна блокада на патот

Протест на родителите на децата од ООУ „Његош“, ќе го блокираат патот кон Драчево

Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ „Његош“ од Јурумлери во знак на незадоволство од одлуката на министерот за образование и наука Јетон Шакири за одземање на надлежностите на Општина Газа Баба за училиштето, закажа граѓански протест кој ќе се одржи денеска од 11 до 12 часот.

Протест на родителите на децата од ООУ „Његош“, ќе го блокираат патот кон Драчево

Протестот ќе биде со блокирање на регионалниот пат на раскрсницата во населено место Јурумлери кон Драчево (кај бензинската пумпа).

Родителите велат дека ова е општ сенароден мирен протест на кој секој може да даде поддршка на сите родители чии деца учат во ООУ „Његош“ и секој е поканет да им се приклучи.

Најнови вести од Македонија

To top